Во Велес синоќа во 21.00 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(18) од Велес, осомничен дека истиот ден од патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки одзел повеќе предмети.

- Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициската станица во Велес. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа денеска од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2023 12:43