Иако многумина беа изненадени од цената, Фолксваген ја распродаде целата серија за само неколку минути.

Фолксваген Голф за 76.410 евра звучи нереално, особено кога ќе кажеме дека не се разликува премногу од претходната специјална серија. Токму така, новиот Р333 има се што има Р 20 Јиарс (R 20 Years), а поскап е околу 16.500 евра. И не само тоа, оваа верзија е базирана на моделот Р Перформанс (R Performance), кој чини помалку од 58.000 евра.

Најавата на Фолксваген дека станува збор за „потенцијален колекционерски автомобил“ многумина ја сфатија сериозно, па сите 333 примероци беа продадени за рекордни осум минути.

Купувачите со најсреќните и најбрзите прсти го добија Р, во лимон жолта боја со стандардни осмици, црни детали, 19-инчни тркала и ауспух Акрапович однадвор и напа кожа и систем Харман Кардон одвнатре.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2023 12:45