Трговската размена во периодот јануари − април 2023 изнесува 6 40 2671 000 евра. Вкупната вредност на извозот е 2 787 049 000 евра што е раст од 6,3 проценти во однос на истиот период лани, додека, вредноста на увeзената стока изнесува 3 615 622 000 евра што е 7,9 отсто помалку во споредба со истиот период претходната година.

Според Државниот завод за статистика (ДЗС), трговскиот дефицит во периодот јануари − април 2023 година изнесува 828 573 илјади евра, а покриеноста на увозот со извоз е 77,1 процент.

-Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали, наведува ДЗС.

Во периодот јануари − април 2023 година, според вкупниот обем на размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2023 21:22