Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка на југот на Украина.

- Се уште не можам дефинитивно да го кажам тоа. Нашите разузнавачки и воени служби работат на случајот, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање.

- Но, ако е вистина, ако се покаже дека е намерно, тоа ќе биде ново ниско ниво. Тоа е ужасен чин на варварство од страна на Русија, додаде тој. ј



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2023 05:56