Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 18:15 часот во трговски центар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, привеле две малолетнички од Тетово и тетовско Селце.

Како што информираат од МВР, малолетничките биле фатени при извршување кражба во продажен објект.

Украденото било вратено на сопственикот, а малолетничките биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2023 06:07