Бројот на барања за бенефиции за невработени поднесени од американски државјани минатата недела се искачи на највисоко ниво од октомври 2021 година.

Бројот на Американци кои поднесоа такви барања достигна 261.000 во неделата што завршува на 3 јуни. Тоа е зголемување за 28.000 луѓе во однос на претходната недела, покажуваат најновите податоци на Министерството за труд.

Неделните барања за невработеност се сметаат за репрезентативни за губење работни места во САД.

Вкупно 1,76 милиони луѓе добија бенефиции за невработени во неделата што заврши на 27 мај, што е за околу 37.000 помалку од претходната недела.

По укинување на повеќе од 20 милиони работни места за време на пандемијата Ковид-19, американската економија нагло додаде многу нови позиции и покрај зголемените каматни стапки и стравувањата од претстојната рецесија.

Американските работодавци додадоа 339.000 нови работни места во мај, надминувајќи ги очекувањата. Сепак, стапката на невработеност се искачи на 3,7 отсто, повиусоко од минимумот за половина век од 3,4 отсто, регистриран во април.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2023 03:35