Пристигна очекуваниот климатски феномен Ел Нињо, соопштија денеска научници од американската Национална управа за океани и атмосфера.

„Во зависност од неговата сила, Ел Нињо може да предизвика низа влијанија, како што се зголемување на ризикот од поројни врнежи и суши на одредени локации низ светот“, рече климатскиот научник Мишел Л'Хору.

Тој додаде дека климатскиот феномен може да предизвика нови температурни рекорди.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2023 03:35