Исландските власти денеска соопштија дека ќе ја затворат својата амбасада во Москва на неодредено време поради актуелната ситуација поврзана со конфликтот во Украина.

- Сегашната ситуација едноставно не дозволува нашата мала дипломатска мисија да работи во Русија, изјави исландскиот министер за надворешни работи Тордис Гилфадотир.

Малата нордиска земја е првата земја што донесе ваква одлука од почетокот на војната во Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2023 17:08