На 08.06.2023 во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ч.(33) од Република Турција.

При претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска документација, пари и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2023 05:46