Кина ги привршува плановите за првото свое слетување со луѓе на Месечината во историјата. Според најавите, тоа би требало да се случи до крајот на ова десетлетие.
На 9. Меѓународен форум за комерцијална авијација во Вухан, заменикот-главен инженер на Кинеската вселенска агенција, Жанг Хаилијан го претстави прелиминарниот план за испраќање двајца астронаути на Месечината пред 2030 година. На презентацијата беше истакната целта за испраќање астронаути на Месечината, каде што ќе следат голем број научни задачи, меѓу коишто и собирање примероци од површината. Мисијата ќе вклучува вселенско летало со екипаж, како и делови од приземјувач што ќе бидат лансирани одделно со помош на две ракети „Долг марш 10“.
Во првата мисија со човечки екипаж на Кина, вселенското летало и приземјувачот, како што е предвидено, ќе се сретнат на патеката пред обидот за слетување на Месечината. Леталото за пренос на луѓето ќе биде тешко 26 тони и веќе е тестирано со лет на голема височина.
Приземјувачот придружен со погонски дел ќе тежи приближно 25 тони. Погонската фаза ќе се користи за влез во орбитата на Месечината и за спуштање на површината на нашиот природен сателит пред леталото да ги врати астронаутите во орбитата на нејзината орбита.
Мисијата ќе вклучува и месечев ровер што ќе може да се движи до 10 км. со тежина од 200 кг., во којшто ќе може да се сместат двајцата астронаути. Кина, исто така, развива и вселенски костим за операции на Месечината.
Во развој се и ракетите „Долг марш 9“ и „10“, при што „деветките“ се наменети за повеќекратна употреба - слично како „Старшип“ ракетите на „Спејс-Икс“, а „десетката“ ќе се користи за првата мисија со екипаж на Месечината.
Пробното лансирање на ракетата „Долг марш 10А“ - помала верзија со две фази, е закажано за 2027 година.
Целта на Кинеската агенција има намера да испрати астронаути на Месечината до 2030 година, а за следното десетлетие предвидена е изградба на база наречена Меѓународна станица за истражување на Месечината. Во меѓувреме, и американската НАСА работи на првото слетување со екипаж на Месечината по 1972 година. Мисијата „Артемис 3“ е планирана за 2025 година. И долгорочната цел на САД, како и Кина, е да се воспостави постојано присуство на Месечината.