Набљудувачите на Месечината во август ги очекува двојно уживање, со две полни Месечини, поголеми од вообичаеното, во еден месец, јави ДПА.

Имено, нашиот природен сателит ќе биде најблиску до Земјата утре и повторно на 31 август. И двете полни Месечини ќе изгледаат речиси исто големи, според германската група аматерски астрономи - „Здружение на пријатели на ѕвездите“ (Vereinigung der Sternfreunde). Овој двоен спектакл е можен бидејќи циклусот меѓу две полни Месечини е 29,5 дена, а август има 31 ден. Инаку, две полни месечини во еден календарски месец се ретка појава. Од нив, втората се нарекува „Сина Месечина“ - следната е на 31 мај 2026 година.

На 1 август - утре, најблиското приближување на Месечината до Земјата ќе се случи навечер, 20:35 часот по македонско време, но над Европа ќе се појави еден час потоа. На крајот од месецов, пак, таа појава ќе биде целосна неколку часа пред изгрејсонцето - во 3:36 часот по македонско време.

За двете полни месечини во август, растојанието меѓу Земјата и нејзиниот сателит ќе биде околу 357.000 километри. Просечното растојание, според НАСА, е 384.400 километри.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2023 15:22