Научните списанија последниве денови се преполни со наводите за научниците кои успеале да пронајдат суперпроводник - материјал со својство на спроводливост на собна температура и нормален притисок, што се смета за „свет грал“ во науката.

Засега два научни труда се објавени за овој нaод во базата на податоци на arXiv .org , но тие сè уште не се рецензирани. Во нив, тим јужнокорејски научници тврдат дека откриле оти електричниот отпор на материјалот наречен „ЛК-99“ одеднаш исчезнува на собна температура. Ако ова откритие се потврди научно, опишаниот материјал би можел да направи огромна разлика во многу технологии што користат електрична енергија, вклучувајќи пренос на струја без загуба, магнети за медицинска дијагностика - МРИ, магнети за реактори за фузија, за забрзување честички какви што се користат во ЦЕРН, магнетни лебдечки „маглев“ возови, квантни компјутери итн.

Во научните трудови, истражувачите толкуваат дека „ЛК-99“ е направен со реакција меѓу ланаркит (Pb2SO5) и бакар-фосфид (Cu3P), а материјалот станал суперспроводлив на температура од 127 Целзиусови степени. На крајот, тие ги прикажуваат експериментите што ги направиле со LK-99.

Што е суперспроводливост?

Постоењето на суперпроводници, инаку, не е новост. Постојат стотици материјали со својство на суперспроводливост. Некои се состојат од елементи и метални легури суперспроводливи при собен притисок до -250 степена, а другиот се оксидни материјали, суперспроводливи при собен притисок и малку повисоки температури - околу 140 степени. Исто така, постојат голем број други елементи и соединенија за кои суперспроводливоста е постигната со различни нивоа на притисок.

Суперспроводливоста е својство на некои материјали да спроведуваат електрична струја без губење на енергијата, односно без отпор, главно при многу ниски температури. Ja открил Хајке Камерлинг Онес во 1911., кој за своите наоди ја добил Нобеловата награда во 1913 година.

Столетието потоа следеа бројни експерименти на тоа поле.

Според некои научници, треба да се истакнат и можните слабости. Пред сè, не постојат познати физички закони што би го спречиле постоењето на суперспроводливост на собна температура. Проблемот со пронаоѓање на такви суперпроводници се сведува на технолошко истражување бидејќи сè уште не постои целосен физички модел за толкување на суперспроводливоста, освен т.н. „БЦС“ модел за суперпроводници со критични температури до 25 степени над апсолутната нула.

Треба да се истакне и дека од објавувањето на трудовите на 22 јули, направени се неколку обиди за повторување на експериментот и дека само дел од нив дале некакви резултати - како делумна левитација, но не сите.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2023 09:38