Една од пет трудници во САД била жртва на малтретирање и понижување од страна на медицинскиот персонал за време на бременоста или породувањето, се истакнува во најновата студија за грижата за бременоста во САД.

Меѓу најчестите пријавени злоставувања се одбивање или игнорирање да се помогне, викање и критикување, нарушување на физичката приватност, закани дека трудницата нема да добие третман или пак се принудени на третман што пациентите не го сакаат.

Студијата објавена од Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), главната федерална здравствена агенција во САД, анкетирала околу 2.400 жени за бременоста со нивното прво дете. Истражувањето покажа дека околу 30 отсто од црните жени доживеале некаков облик на медицинска злоупотреба, а потоа 19 проценти од латиноамериканските жени и 18 отсто од белите жени.

- Знаеме дека расизмот и дискриминацијата може да доведат до одложување на лекувањето, а понекогаш и до трагични смртни случаи, што можеа да се избегнат, се наведува во студијата. Резултатите од истражувањето покажуваат и дека 40 проценти од црните жени изјавиле дека претрпеле дискриминација за време на бременоста или породувањето, особено поради бојата на кожата, но и возраста или тежината.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2023 07:56