Џенифер Гарнер е снимена како му помага на бездомник во ортопедска количка на паркинг во Санта Моника Бич, Калифорнија, САД. На снимките објавени во американските медиуми, насмеаната глумица разговара со човекот пред да му подаде ќесе полно потребни работи за секојдневен живот.

Кога сфати дека човекот е бос, таа веднаш се спушти пред него, си ги соблече патиките и се обиде да му ги облече, но нему му беа мали.

Таа потоа забележа маж во близина, кој патем ја сними случката. Глумицата се упати кон него, па го праша за бројот на чевлите.

- Колкава големина на стапала имаш? Може ли да ги купам твоите чевли? Му требаат чевли, појасни Џенифер.

Случајниот минувач праша: - Каква големина треба?

- Па, 10 и пол, одговори Гарнер.

- Носам број 11. Веднаш ќе му ги дадам!, среќно ѝ одговори минувачот и ѝ рече на актерката дека не мора да му плати.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2023 04:39