- Ученици од кумановското село Студена Бара користат линиски, наместо школски превоз до соседното село Пчиња. Родителите бараат овој проблем да се надмине, бидејќи линискиот превоз не соодветствува со почетокот и завршувањето на училишните часови. Во изјавата за медиумите, тие посочија дека нема да ги пушат децата на настава. Сега, учениците доцнат на часовите поради немање превоз. Двете села се оддалечени три и пол километри.

-Ни рекоа првата недела ќе одат со редовното комбе додека се надмине проблемот, а потоа ни кажаа дека ќе користат редовен наместо школски превоз, рече Сашка Павловска, родителка.

Нејзина сосетка Анита Младеновска стравува како ќе чекаат децата кога времето ќе биде постудено.

-Децата од 16:20 чекаат редовно комбе, а редовната линија од Куманово овде е во 17:50, децата треба да чекаат тука, вели Гордана Лазаревска, родител на ученик во ОУ „Браќа Миладиновци“ село Пчиња, кумановско.

Надлежните од „Браќа Миладиновци“ пак велат дека за овој проблем е задолжена општината. Оттаму пак најавија одговор за утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2023 23:25