- Министерот за надворешна трговија, атрактивности и француска дијаспора, Оливие Бешт денеска беше во посета на градот Штип, но и на локацијата каде ќе се гради фотоволтаичната централа „Стипион“, на местото на карго-аеродромот.

Министерот за надворешна трговија, атрактивност и француска дијаспора, Бешт заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска беа на местото каде што ќе се гради најголемата сончева централа во земјава. Посочи дека е среќен што е во Штип на место каде што најбрзо ќе се гради голем проект од областа на енергетската транзиција во Северна Македонија, односно најголем фотоволтаичен парк во земјите од Западен Балкан, а ќе го гради француска компанија Акио.

-Овде во Штип за тој голем инвестициски проект којшто ќе помогне нели од една страна земјата да стане помалку енергетски зависина, а од друга страна со повластени тарифи на електричната енергија, но најважно работиме за зачувување на планетата и за напуштање на фосилните горива, и ќе кажам дека ЕУ сака да и помогне на Македонија, и да ја види Македонија што побрзо во ЕУ. И затоа ние учествуваме во сите овие проекти, преку овој голем проект, а тоа значи од една страна напуштање на фосилните горива, од друга страна вртејќи се кон обновливи извори на енергија, и Франција е среќна што може на С еверна Македонија да и помогне во таа област, вели Бешт.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Шукова истакна дека ова е еден од проектите којшто е аплициран во државата согласно Законот за стратешки инвестиции.

- И Владата го препозна овој проект како стратешки инвестиционен проект. И сега во рамките на она што се барањата на проектот, треба технички да се дозаврашат одредени работи, да се создадат услови, за да може да почне со реална имплементација на проектот. Ова е нешто ново во државата, бидејќи зборуваме за агро волтаици. Тоа значи дека под фотоволтаиците коишто ќе бидат инсталирани, коишто се ставаат на поголема височина, може да се одгледуваат одредени земјоделски култури. И тоа е многу добро, бидејќи во тој случај не го користите земјиштето само како градежно, туку можете и понатаму да го обработувате. Секако не можете со секоја култура, меѓутоа има одредени култури коишто може да се засадат. Компанијата има вакви искуства во повеќе земји во Европа. Ние побаравме од нив, кога ќе започне реализацијата на проектот, тоа искуство на култури коишто може да се засадат и успешно да нели да дадат принос под волтаиците да ни го пренесат како искуство, вели Шукова.

Забележа дека овој проект го гледа од три аспекти, и тоа економскиот, социолошкиот, но и заштита на животната средина.

Прашана проектот е на маса неколку години, но реално кога може да го видиме имплементиран на терен, Шукова со одговор дека се прават максимални напори да стартува за неколку месеци.

-Реално ако направиме максимални напори мислам за неколку месеци можеме да очекуваме да почне реално имплементацијата на проектот, реализацијата односно да започне со градба, вели Шукова.

Градоначалникот на Општина Штип, Јораднов истакна дека реализацијата на сончевата централа „Стипион“ е значајна за Штип, како административен, економски и трговски центар.

Но еве со оваа инвестиција сум сигурен дека Штип ќе го добие приматот и енергетски центар. Затоа што инвестицијата е значајна од неколку аспекти од енергетски, економски, заштита на животната средина. Она коешто нам најмногу не интересира е тоа што ќе допринесе за развој на локалната економија, за подобрување на енергетската состојба во државата, од аспект на тоа дека овде ќе работат работници локални, локални фирми коишто исто така ќе го градат овој проект, којшто се надевам дека во најбрз можен рок ќе започне да се имплементира. Од самиот почеток даваме поддршка на реализација на овој проект. Во постојана комуникација сме со претставници на компанијата, и се надевам дека во најскоро време ќе бидат завршени сите потребни работи за да веќе се имплементира и да стане реалност овој проект којшто е од значење за целиот регион, а пред се за заштитата, вели Јорданов.

Сончевата централа „Стипион“ ќе биде со моќност од 400 мегавати електрична енергија на час. Се работи за инвестиција вредна неколку стотици милиони евра



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2023 23:41