Само еден клуб од Премиер лигата загуби на гости почесто од Манчестер јунајтед во изминатата година и половина. Тоа е Вест Хем.

Вчера Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Баерн Минхен (3:4) во натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед сега има 18 порази на последните 35 натпревари на гости во сите натпреварувања, со 13 победи и 4 нерешени. Овој сегмент започна во март 2022 година.

Оттогаш, само Вест Хем од премиерлигашите претрпе повеќе порази на гости. „Чеканите“ загубија на 20 гостувања.

На 23 септември Манчестер јунајтед гостува кај Барнли во 6. коло од Премиер лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2023 15:25