Здружението на професионални фудбалери (ПФА) понуди да помогне во решавањето на спорот меѓу тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг и напаѓачот Џејдон Санчо, пишува „The Times“.

Претходно соиграчите на Санчо се обидоа да го убедат да му се извини на тренерот, но 23-годишниот Англичанец одби.

На 14 септември, Манчестер јунајтед го суспендира Санчо од тренинзите со главниот тим по конфликтот со Тен Хаг. Беше објавено дека тренерот е подготвен да го врати играчот во базата само доколку Санчо му се извини нему и на тимот.

Проблемот настана по јавна пресметка, откако стратегот на Јунајтед изјави дека фудбалерот не бил добар на тренинзите, па затоа не го ставал составот. На ова, Санчо излезе со реакција на социјалните мрежи во која го обвини тренерот дека лаже.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2023 14:45