- Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера во 10:00 часот во Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и И.Ц.(39) од село Куклиш, Струмичко.

Како што информира МВР, тие се сомничат дека ноќта на 23 септември годинава извршиле „тешка кражба“ во објект на улица „Климент Охридски“ во Струмица. Притоа, кај нив биле пронајдени предмети кои ги одзеле при вршење на кривичното дело.

Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за случајот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по неговото документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2023 21:03