- Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(33) од селото Цветово, општина Студеничани, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“.

Како што денеска соопштија од МВР, во текот на мај годинава, при извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор од општина Сопиште, пријавениот бил затекнат како на катастарска парцела во негова сопственост гради објект без да поседува одобрение за градење издадено од Општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2023 21:33