- Во Полициската станица Радовиш вчера е задржан С.Р.(21) од Радовиш, кој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела на подрачјето на Радовиш.

Како што соопшти МВР, тој признал дека извршил девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.

По целосно документирање на случаите, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2023 19:27