Американската инвестициска групација „Фенвеј Спорт Груп“ (ФСГ) во чија сопственост од 2010 година е Ливерпул, објавија синоќа дека продала малцински удел од акциите на американскиот фонд „Дајнести Еквити“.

Приходот од оваа продажба ќе се искористи за намалување на долгот кој настана во текот на кризата предизвикана од Ковид – 19, за финансирање на инфраструктурни проекти, вклучувајќи и реконструкцијата на стадионот „Енфилд“ и јакнење на клупската позиција на фудбалскиот пазар.

Ливерпул не го соопшти износот на трансакцијата, но дел од англиските медиуми јавија дека станува збор за износ меѓу 100 и 200 милиони долари.

Сопственикот на ФСГ, Џон Хенри, ги уверуваше навивачите минатиот февруари дека клубот не е на продажба, но рече дека отворен за „нови инвеститори доколку тоа е во интерес на клубот од Ливерпул“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2023 04:52