Кај египетските археолошки наоѓалишта истражувачите постојано откриваат нови мистерии за испитување и одгатнување, соопшти тимот научници од Универзитетот Јулиус Максимилијанс од Вирцбург во Германија кои работат на пирамидата на фараонот Сахура којашто датира од 25. век п.н.е.

Имено, археолозите од Египет и Германија открија нови простории во гробницата. Истражувањето е предводено од египтологот д-р Мохамед Исмаил Калед, и може да фрли ново светло на времето на вториот владетел од Петтата династија на Древен Египет, се вели во објавата на Универзитетот.

Ископувањата почнаа 2019 година, кога истражувачите почнаа да работат на стабилизирање на подструктурата за да се обезбеди истражување без опасности. Се чини, овојпат тимот конечно успеа да дојде до погребните одаи на фараонот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2023 18:07