Мотоциклист викендов бил повреден во сообраќајна несреќа откако видел огромна тарантула. Возачот бил итно пренесен в болница, соопштија надлежните лица од Националниот парк Долината на смртта во Калифорнија.
До несреќата дошло откако возачот на изнајмено рекреативно возило (каде што се превезувале туристи од Швајцарија) наеднаш закочил за да избегне прегазување пајак на патот. Поради тоа мотоциклистот удрил во задниот дел од поголемото возило. Нема човечки жртви со смртни последици, а пајакот не е повреден, според извештајот.
- Ве молиме, возете полека, особено кога се спуштате по стрмни ридови. Нашите патишта сè уште имаат наслаги од поплавите, а дивиот свет „од сите големини“ е надвор, изјави надзорникот во Националниот парк, Мајк Рејнолдс.
Тарантулите во САД вообичаено градат подземни засолништа каде што минуваат многу време, а излегуваат наесен - во сезоната на парење.