Ко-основачот на Епл (Apple), Стив Вознијак денеска е хоспитализиран во Мексико Сити, поради можен мозочен удар, јавија мексиканските медиуми.

Овој 73-годишен научник и технолошки претприемач требаше да учествува на настан на Светскиот бизнис форум во мексиканската престолнина.

Британскикте медиуми наведуваат дека тој денеска требало да одржи говор на форумот и истакнуваат дека засега не е можно да добијат независна потврда за наводите дека Вознијак е хоспитализиран.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2023 19:58