Температурите во последните 12 месеци беа најтопли во изминатите 125.000 години, според истражувањето објавено денеска од непрофитната новинска организација „Climate Central“ во Принстон, Њу Џерси.

Просечната глобална температура била околу 1,32 степени Целзиусови повисока отколку пред Индустриската револуција, соопшти организацијата.

„Топлината подеднакво ги погоди и богатите и посиромашните држави. Додека климатските влијанија беа најсилни во земјите во развој во близина на екваторот, периодите на екстремни горештини поврзани со климата во САД, Индија, Јапонија и Европа укажуваат дека никој не е безбеден од климатските промени“, рече водечкиот истражувач Ендрју Першинг.

Неговиот тим ги прегледа температурните записи од 175 земји, 154 држави или провинции и 920 големи градови од ноември 2022 до октомври 2023 година. Анализата е објавена на нивната веб-страница.

Октомври 2023 година не само што беше најтопол од почетокот на евиденцијата, туку и најтопол во последните 125.000 години, покажуваат податоците на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC). Годинава речиси сигурно ќе биде најтоплата досега



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2023 23:01