Со натпреварот против Англија вечер во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе ги заврши квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Натпреварот нема резултатско значење за двете репрезентации со оглед на тоа што Англичаните го имаат обезбедено пласманот на евро-шампионатот, додека Македонците се без шанси за напредок на табелата и квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место.

Сепак, дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ кој пред два дена доби нов терен, ќе биде шанса избраниците на селекторот Благоја Милевски да го подобрат впечатокот од првиот меѓусебен натпревар кога загубија на гости со 7:0.

Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2023 14:38