Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку вчеравечер постави нов рекорд во квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство 2024 против Азербејџан (5:0).

Триесетгодишниот Белгиец реализираше „покер“ и стигна до 14 гола во квалификациите за Еуро 2024, поставувајќи нов квалификациски рекорд. Т

Лукаку го подобри рекордот поставен од Ирецот Дејвид Хили во квалификациите за ЕП 2008 и Полјакот Роберт Левандовски во квалификациите за ЕП 2016, кои имаа по 13 гола.

Оваа сезона Лукаку одигра 14 натпревари за Рома и постигна девет голови



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2023 14:56