- Во вооружените сили на Белгија има недостиг од 5.000 лица, објавија локалните медиуми, цитирајќи податоци од Министерството за одбрана. Се прецизира дека во изминатите години бројот на новопримени е помал од бројот на пензионираните и оние кои ја напуштиле службата.
Според податоците, минатата година вооружените сили ги напуштиле 3.066 лица, а биле примени 2.430 нови регрути. Забележано е дека половина од регрутираните напуштаат за време на обуката.
Белгиските власти очекуваат недостигот да се надмине до 2026 година. Тогаш се планира во белгиските сили да служат 29.100 воени лица.