- Британскиот премиер Риши Сунак денеска во Лондон го отвори Глобалниот самит за безбедност на храната на кој присуствуваа претставници на повеќе од 20 земји, јавува Би-Би-Си.

Во воведното обраќање, Сунак рече дека Велика Британија воспоставува нова научна иницијатива за да помогне во развојот на сорти на култури кои се поотпорни на климатските промени: ориз отпорен на поплави, пченица отпорна на болести и други.

Тој, исто така, најави нов виртуелен центар за поврзување на светските истражувачи на нови, отпорни култури. Центарот Tac во Велика Британија ќе биде дел од глобалното истражувачко партнерство CGIAR: Science for humanity's greatest challenges (Наука за најголемите предизвици на човештвото).

Британскиот лидер ги повика светските челници да користат вештачка интелигенција и друга најсовремена технологија за да се стави крај на неухранетоста низ светот.

На почетокот на Самитот, ОН ги повика донаторите итно да ја зголемат помошта и да инвестираат во долгорочни решенија за решавање на основните причини за глад.

Собирот во Лондон го организираат Сомалија и Обединетите Арапски Емирати, заедно со Фондацијата за детски инвестициски фондови (CIFF) и фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2023 16:58