– Повредата на скочниот зглоб која голгетерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, ја здоби на пријателскиот дуел меѓу Норвешка и Фарските острови не е толку сериозна и тој ќе биде подготвен за дербито овој викенд во Премиер лигата против Ливерпул.
За да се избегнат дополнителни компликации со повредата, Халанд не беше во составот на норвешката репрезентација против Шкотска (3-3) во завршното коло во квалификациите за ЕУРО2024.
Норвешка немаше шанси за пласман на завршниот турнир идната година во Германија и од тие причини беше одлучено Халанд да го пропушти дуелот против Шкотска.
Халанд од почетокот на оваа сезона одигра 18 натпревари во дресот на Сити на кои постигна 17 голови, а додаде и четири асистенции.