Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, по победата над Бразил (1:0) ноќеска во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026 година, навести можна оставка од функцијата.
- Сега е време да ја запреме топката и да почнеме да размислуваме. Овие играчи ми дадоа многу и треба многу да размислувам што ќе правам со мојата иднина. Не е збогум, но границата е многу висока затоа што одзема многу енергија. Тешко е да продолжиш и тешко е да продолжиш да победуваш. Време е за размислување. Затоа што на тимот му треба тренер кој има максимална енергија и целосно да е посветен на работата, изјави Скалони за „TNT“.
Аргентинците освоија 15 бодови и се на првото место во поредокот. Бразилците се на 6. место со седум бодови.