Времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во сабота ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2023 04:59