Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг смета дека густиот календар влијае на повредите на фудбалерите.
Во моментов повредени се шест играчи на Манчестер јунајтед: Касемиро, Лисандро Мартинез, Мејсон Маунт, Џони Еванс, Кристијан Ериксен и Амад Диало. Расмус Хејлунд и Тајрел Маласија се под знак прашалник, додека Лук Шо се врати од повредата, но не играше од август.
- Минатата година одигравме најмногу натпревари од кој било клуб во Европа, во таа чудна сезона со Светското првенство во средината. Сите тренери се жалеа на распоредот, но секоја година додаваат натпревари. Веќе ги поместивме границите на она што играчите можат да го поднесат.
Има избор, или подгответе се за таков распоред, или соочете со повреди. Секој врвен играч и врвен тим знае дека треба да издржите и да се жртвувате. Ако сакате да бидете подготвени за натпревари, треба да достигнете одредено физичко ниво за да ги исполните стандардите поставени од вашите противници, изјави Тен Хаг.
Манчестер јунајтед во моментов е на 8. место во Премиер лигата со 21 освоен бод.