- Делегација на општина Дебар, предводена од градоначалникот Хекуран Дука, во Тирана, учествува на одбележувањето на 111- годишнината од независноста на Албанија и Денот на знамето.
- Свечен и срдечен пречек во Палатата на бригадите од градоначалникот на Тирана Ерион Велиај по повод 28 ноември Денот на независноста и знамето. Да славиме и да си честитаме сè додека трае животот, напиша Дука во објава на Фејсбук.
Освен делегацијата на општината на одбележувањето на денешниот ден, кога во Валона, во 1912 година, е прогласена независноста на Албанија и развиорено националното знаме присуствуваат и поголем број дебрани.
Тие ќе учествуваат на "Парадата на Албанците" под мотото "Црвено-црните корени" што по првпат се одржува во Тирана.
Во културно-уметничката програма, меѓу 150 фолклорни ансамбли и групи, ќе учествува и КУД „Голем Дебар" (Dibra e madhe) под раководство на дебарскиот бизнисмен Миче Дука.
Инаку, вчера со повеќе активности Денот беше одбележан во Дебар.