Од Општина Тетово по повод денешниот штрајк на работниците во „Комунална хигиена“ испратија допис во кој образложуваат дека ќе обезбедат исплата на заостанатите плата. Според нив, формирањето на две нови комунални претпријатија и соработката со словенечката фирма преку јавно-приватно партнерство е начинот на кој ќе се обезбеди трајно решение.

- За справување со предизвиците и неуспехот на општинското претпријатие, одлучено е формирање на две нови претпријатија, едно за водовод и канализација и едно за менаџирање со отпадот. Важно е да се напомни дека Општина Тетово веќе има потпишан договор со приватен оператор и овој договор, кој стапува на сила на 1 декември 2023 година, ќе резултира со префрлување на работниците од општинското претпријатие во новото претпријатие „ОЕНЕУМ“. Со оваа измена, сите работници ќе земаат редовно плата, додека Општина Тетово ја презеде обврската да обезбеди исплата на сите заостанати плати за овие вработени, соопштија од Општина Тетово.

Што се однесува до ЈП за водовод и канализација „Шари“ од општината велат дека се во фаза на трансформација на работниците од ЈКП Тетово во ново претпријатие.

- Со ова ќе се решат проблемите со платите и на овие работници. По завршувањето на овој процес, Општина Тетово ќе подготви посебна стратегија за заложба и обезбедување на плати за работниците кои ќе останат во сегашното ЈКП. Ние како институција ја разбираме оваа незавидна состојба со која се соочуваат работниците, а која е присутна со години, но се сомневаме дека денешната реакција, на денот кога сите го славиме празникот на знамето, можеби е политички мотивирана. Затоа ги замолуваме сите вработени во ЈКП Тетово, да не потпаѓаат на каква било провокација од политички фактори и да се фокусираат на соработка за решавање на актуелните прашања, се вели во дописот на Општина Тетово.

Денес работниците од „Комунална хигиена“ од првата смена заедно со другите смени, штрајкуваа во кругот на претпријатието и не излегоа на терен за да го собираат сметот од контејнерите



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2023 20:08