Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина откако поголемиот дел од животот го мина сама во својот ограден простор на Филипините.

Мали, која цели 42 години важела за главна ѕвезда на Зоолошката градина во Манила, била доста сакана, но и многу осамена, се вели. Активистите за заштита на животните од „ПЕТА“ долго време се бореа за неа, па дури и британскиот пејач - сер Пол Макартни побара од властите да ја преместат во област за слонови. Веста за угинувањето на слоницата на Фејсбук ја потврди градоначалничката на филипинскиот главен град, Хани Лакуна со видеообраќање. Таа додаде дека нејзините посети на Зоолошката градина кога била дете - се меѓу нејзините најубави спомени од детството.

Минатиот петок слоницата Мали е забележана како постојано ја трие својата сурла од ѕид, што укажува на болка. Потоа легнала на страна и тешко дишела. Ветеринарите ѝ дале антихистамини и витамини, но таа угинала по неколку часа.

Обдукцијата покажала дека Мали имала рак на неколку органи, како и затнување на аортата.

Просечниот животен век на слоновите е 60 години во дивината и 80 години во кафез.

Во 1981 година, Владата на Шри Ланка ѝ ја подарила Мали на поранешната прва дама на Филипините - Имелда Маркос. Слончето тогаш имало само 11 месеци



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2023 04:53