Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Филипе Луис на 38-годишна возраст стави крај на кариерата во која настапи на 44 натпревари во националниот дрес, а најголемите успеси на клупски план ги постигна како играч на Атлетико Мадрид и Фламенго.
„Тоа беше тешка одлука. Оние кои ме познаваат, знаат дека на моето семејство и на пријателите им говорев дека сакам да играм до 45. година, но, за жал, тоа нема да биде можно“, наведе Луис во видеопорака која ја објави неговиот клуб Фламенго.
Својот последен натпревар во кариерата ќе го одигра в недела против Кујаба во рамки на бразилското првенство.
„Сакам да го затворам ова поглавје и да почнам нова фудбалска приказна“, порача Луис, кој во својата кариера освои шест трофеи во дресот на Атлетико Мадрид и четири во дресот на Фламенго.