Шпанскиот фудбалски репрезентативец Нико Вилијамс го продолжи за три сезони договорот со Атлетик Билбао до 2027 година, објави денеска баскискиот клуб, во моментов петтопласиран во Ла Лига.

„Црвено белиот крилен напаѓа го продолжува договорот до 2027 со предизвикот да продолжи да одбележува историја во нашиот клуб“, се наведува во клупското соопштение.

Договорот на помладиот брат на Инаки Вилијамс, кој, исто така, настапува за Атлетик Билбао, истекуваше во јуни 2024 година.

Минатата сезона Нико Вилијамс одигра 43 натпревари за Атлетик во сите конкуренции и постигна девет голови.

Шпанските медиуми објавија дека за неговите услуги биле заинтересирани Реал Мадрид и Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2023 02:18