Британската полиција соопшти денеска во жестоките судири со навивачите на полскиот фудбалски клуб Легија уапсила 39 насилници, а четворица полицајци се повредени.
Инцидентите се случија изминатата вечер во Бирмингем пред натпреварот меѓу Астон Вила и варшавска Легија (2-1) во петтото коло во Конференциската лига.
Натпреварот почна во закажаниот термин, но на навивачите на полскиот клуб не им беше дозволен влез на стадионот.
Легија ја обвини Астон Вила дека го отфрлила договорот за распределба на влезниците за гостинските навивачи, но британскиот клуб наведе дека одлуката биле донесена од безбедносни причини.
Астон Вила соопшти дека навивачите на Легија еден час пред почетокот на натпреварот извеле организиран напад врз полицијата и поради инцидентите не им бл дозволен влез на „Вила Парк“