Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ја оцени играта на своите избраници кои синоќа славеа победа (3:1) над Фросиноне во 14. коло од Серија А.

- Нашата цел беше да се вратиме на победничките патеки и одигравме два по ред добри натпревари на домашен терен, против Фиорентина (1:0) и Фросиноне. Направивме мал чекор напред, но има уште долг пат да се оди за да се дојде до целта. Треба да настапиме поконстантно, да победуваме во континуитет ако сакаме да се бориме за првите места, изјави Пиоли.

Милан со 29 бода се наоѓа на третото место во поредокот на Серија А. Пред „Росонерите“ се Интер со 32 бода и натпревар помалку, и Јувентус кој собра 33 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2023 08:56