Украинската противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништи 18 од 23 беспилотни летала со кои Русија нападна најмалку девет региони на Украина, соопшти прес-службата на Военото воздухопловство на Украина.
Уништена е и една наведувана воздушна ракета Х-59, пренесува Интерфакс Украина.
Беспилотните летала се лансирани од Крим, а ракетата од воздушниот простор на регионот Херсон.