- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го коментираше нерешениот резултат со Тотенхем во дербито од 14. коло на Премиер лигата.
Двете екипи вчеравечер одиграа 3:3. Манчестер сити водеше со 2:1 и со 3:2, но прими гол во 90. минута.
- Бевме многу блиску до победа. Така беше и со Челзи и со Ливерпул. Имавме многу шанси, но не ги реализиравме. Игравме добро, но за жал не победиме. Понекогаш се случуваат грешки во фудбалот, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.
Манчестер сити ремизираше на третиот натпревар во низа. Тимот со 30 бодови е на третото место во поредокот во Премиер лигата.
Граѓаните кои ја бранат шампионската титула во англискиот фудбалски шампионат на 6 декември ќе се сретнат со Астон вила.