Натпреварите од Првата грчка фудбалска лига овој викенд се одложени по зачестените физички напади врз судиите, како и најновите немири кои хулигани ги предизвикаа на спортски настан при што еден повреден полицаец е во кома.

Одлуката на раководството на грчката фудбалска лига доаѓа по најавите на Судиската организација дека арбитрите нема да се појават на теренот овој викенд, и само неколку часови, откако полицијата проведе повеќе од 400 хулигани поради инцидентите на одбојкарски натпревар.

Грчките хулигани за предизвикување инциденти често бираат натпревари во помали спортови на кои има помал број полицајци.

-Сторители на овие страшни злосторства немаат врска со спортот. Тие се обични криминалци, кои понекогаш одземаат и човечки животи, рече портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис.

Најновите судири се случија на одбојкарскиот натпревар меѓу атинските клубови Олимпијакос и Панатинаикос, чии навивачи се лути градски ривали. Десетици навивачи ги нападнаа силите на редот, а еден повреден полицаец се бори за својот живот и е во кома.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2023 05:32