Играчот од средниот ред на Торонто, Федерико Бернардески сака да се врати во Јувентус. Дваесет и деветгодишниот фудбалер е подготвен да прифати намалување на платата за да се врати во клубот од Торино.
Според новинарот Николо Шира, Бернардески не е приоритетна цел на Јувентус и ќе биде ангажиран само доколку клубот не успее да ги постигне своите главни цели.
Минатата сезона во МЛС, Италијанецот на 31 натпревар за канадскиот тим постигна пет гола и две асистенции.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Бернардески на петѕ милиони евра.
Бернардески играше за Јувентус од 2017 до 2022 година кога го напушти клубот како слободен играч и замина во Торонто