Англиските фудбалски премиерлигаши по традиција играат натпревари за време на божиќните празници.
Најдобриот клуб во англиското првенство на „Boxing Day“ од основањето на Премиер лигата во 1992 година е Манчестер Јунајтед.
Во просек, Манчестер Јунајтед на Боксинг деј дава 2,62 голови по натпревар. Има 21 победа на 27 меча.
Ливерпул и Арсенал се во топ 3 според резултатите на Боксинг Деј - имаат по 16 победи во 25 натпревари.