Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е играч кој има најголем пад на вредноста во англиското првенство.

На ажурираната листа на порталот „Трансфермаркт“, Италијанецот загуби 20 милиони евра од вредност. Сега неговата вредност е 40 милиони.

Првите тројца на листата се Мејсон Маунт (Манчестер јунајтед) чија вредност падна од 60 на 45 милиони евра и Ентони (Манчестер јунајтед) чија вредност падна од 50 на 35 милиони евра.

Тонали по доаѓањето во Њукасл се соочи со суспензија поради нелегално обложување додека беше фудбалер на Милан.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2023 08:18