Членот на Манчестер сити, Ерлин Халанд е прогласен за најдобар фудбалер во светот во 2023 година од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS).
Според резултатите од гласањето, Норвежанецот освои 208 поени. Второто место му припадна на Килијан Мбапе од ПСЖ со 105 бода, додека трет е Лионел Меси од Интер Мајами со 85 освоени бода.
Во првите пет се најдоа и Родри (Манчестер сити, 55) и Џуд Белингем (Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, 34).
Халанд ја доби оваа награда за прв пат во кариерата. Оваа сезона 23-годишниот Норвежанец одигра 22 натпревари, постигна 19 голови и имаше пет асистенции.