Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе ја продолжи сезоната во Првата македонска фудбалска лига под водство на Горазд Михајлов, откако 49-годишниот стратег денеска официјално е назначен за нов тренер на „црвено – црните“.

Михајлов, кој изминатите две и пол сезони го предводеше Силекс, седнува на клупата на Вардар на местото на Александар Васоски, кој замина во спротивна насока и ќе го предводи прволигашот од Кратово.

Михајлов ќе има задача да му обезбеди опстанок на Вардар, кој соочен со големи финансиски проблеми сезонава, сепак, успеа да се врати во прволигашкото друштво, а по есенскиот дел од сезоната е на последното место со 17 бодови, три помалку од безбедната зона.

Македонското фудбалско првенство продолжува на 18 февруари



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2023 05:01