Поранешниот голман на лондонски Тотенхем, Уго Лорис, потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес, објави синоќа американскиот фудбалски прволигаш.
Поранешниот 37-годишен француски репрезентативец го напушти Тотенхем по 11 и пол сезони.
Со американскиот клуб потпиша договор до крајот на 2024 година, со можност за продолжување на соработката за уште две години.
„Тотенхем секогаш ќе биде посебно место за мене и моето семејство. Беше голема привилегија да се биде еден од вас и еден од вашите капитени. Ова е крај на едно поглавје, но во моето срце секогаш ќе има место за Тотенхем, порача Лорис во видеообраќање преку социјалните мрежи.
Лорис одигра 361 натпревари за Тотенхем, а запиша 145 настапи за Франција со која во 2018 година ја освои светската титула